УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

1. Општи одредби

Предмет на овие Услови и правила е уредување на правата и обврските помеѓу посетителите и купувачите (во понатамошниот текст: „Корисници“) и компанијата К2 Lux, сопственик на веб-страницата www.k2lux.mk  (во понатамошниот текст: „Продавач“), во врска со користењето на веб-страницата и купувањето на производи и/или услуги по електронски пат.

Корисник е секое физичко или правно лице кое пристапува, ја разгледува или на било кој начин ја користи веб-страницата.

Купувач е Корисник кој преку веб-страницата врши нарачка и купување на производи и/или услуги од понудата на Продавачот.

На односите помеѓу Корисниците и Продавачот се применуваат важечките позитивни законски прописи на Република Северна Македонија, особено прописите од областа на електронската трговија, електронските комуникации, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и овие Услови и правила.

Со пристапување, разгледување и користење на веб-страницата, односно со поднесување на нарачка, Корисникот изјавува дека е целосно запознаен со овие Услови и правила и дека истите ги прифаќа во целост.

2. Склучување на договор

Поднесувањето на нарачка преку веб-страницата www.k2lux.mk претставува понуда за склучување договор за купопродажба на производи и/или услуги по електронски пат.

Договорот се смета за склучен во моментот кога Продавачот ќе ја потврди нарачката по електронски пат.

По успешно поднесување на нарачката, Купувачот добива електронска потврда со основните податоци за нарачката. Продавачот го задржува правото, во случај на технички или други оправдани причини, да ја одбие нарачката, при што Купувачот ќе биде навремено известен и, доколку е извршено плаќање, средствата ќе бидат вратени.

3. Кориснички податоци

Купувачот може да избере еден или повеќе производи и/или услуги од понудата на Продавачот и да поднесе нарачка преку веб-страницата.

Пред потврдување на нарачката, Купувачот има можност да ја прегледа, измени или откаже нарачката. По потврдување и/или извршување на плаќањето, измена или откажување е можно само во согласност со правилата објавени на веб-страницата.

При поднесување на нарачката, задолжително е внесување точни, целосни и ажурирани податоци за контакт и адреса за испорака. Продавачот не сноси одговорност за последици настанати поради неточни или нецелосни податоци доставени од страна на Купувачот.

4. Возраст и деловна способност

Услугите може да ги користат лица постари од 18 години. Малолетни лица можат да користат услуги и да вршат нарачки исклучиво со согласност и под надзор на родител или законски старател.

5. Цени и плаќање

Сите цени на производите и/или услугите се изразени во денари (МКД) и се применуваат во моментот на поднесување на нарачката.

Продавачот го задржува правото да ги менува цените без претходно известување. Промените на цените не влијаат на веќе прифатени и потврдени нарачки.

Можно е одредени производи да бидат понудени по промотивни или повластени цени, со ограничена количина или времетраење. Во такви случаи, поради објективни причини, Продавачот го задржува правото да ја откаже нарачката, за што Купувачот ќе биде навремено известен.

Начините на плаќање се јасно наведени на веб-страницата и Купувачот ги избира при креирање на нарачката.

6. Испорака

Испораката на нарачаните производи се врши на адресата наведена од страна на Купувачот при поднесување на нарачката, исклучиво на територијата на Република Северна Македонија, преку овластени курирски или логистички партнери на Продавачот.

Испораката може да се изврши на Купувачот или на лице овластено од Купувачот за прием на нарачката. При преземање, примачот може да биде побаран да приложи валиден документ за лична идентификација.
При поднесување на нарачката, Купувачот е должен да наведе точни и целосни податоци за контакт и адреса за испорака, вклучително и валиден телефонски број. Продавачот не сноси одговорност за доцнење или неуспешна испорака поради неточни или нецелосни податоци.

Рокот и трошоците за испорака се прикажуваат при креирање на нарачката и може да зависат од локацијата, достапноста на производот и избраниот начин на испорака. Во роковите за испорака не се пресметуваат викенди и неработни денови, освен ако не е поинаку наведено.

Купувачот е должен при прием на нарачката да го провери производот од евентуални оштетувања или некомплетност на пратката. Доколку се забележат оштетувања или недостасува производ, Купувачот е должен без одлагање да го извести Продавачот.

Во случај на оштетување или грешка при испораката за која одговорност сноси Продавачот или доставувачот, трошоците за замена или повторна испорака не се на товар на Купувачот.

Во случај на враќање на производ по желба на Купувачот, а не поради грешка или вина на Продавачот, трошоците за испорака и враќање на производот ги сноси Купувачот, освен ако не е поинаку наведено.
Продавачот не сноси одговорност за доцнење во испораката предизвикано од логистичкиот партнер или од околности надвор од негова контрола.

7. Право на повлекување и враќање

Купувачот има право, без наведување на причини, да се повлече од договорот склучен на далечина и да го врати купениот производ во рок од 14 (четиринаесет) / 30 (триесет) дена (одредува сопственикот) од денот на приемот на производот, во согласност со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.
Правото на повлекување може да се оствари под услов производот:
  • да не е користен,
  • да не е оштетен,
  • да се врати во оригиналната и неоштетена амбалажа,
  • да е комплетен, со целата придружна документација.

Купувачот е должен писмено да го извести Продавачот за намерата за повлекување од договорот, преку контакт-адресата објавена на веб-страницата.

Трошоците за враќање на производот ги сноси Купувачот, освен ако враќањето е резултат на грешка или вина на Продавачот.

8. Рефундација на средства

По приемот на вратениот производ и извршената проверка на неговата состојба, Продавачот ќе изврши поврат на уплатените средства.

Рефундацијата се врши на истиот начин на кој е извршено плаќањето, освен ако поинаку не е договорено,во законски предвидениот рок, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.

Продавачот го задржува правото да ја одложи рефундацијата сè додека не го прими вратениот производ или додека Купувачот не достави доказ дека производот е испратен назад.

9. Плаќање, рекламации и приговори

Доколку Купувачот се определи за плаќање со платежна картичка, можно е да дојде до прекин на интернет конекцијата или технички проблем во моментот на плаќање.

Во случај кога барањето за плаќање е регистрирано од страна на Продавачот, Купувачот ќе добие е-пошта и/или СМС нотификација за статусот на трансакцијата (успешна или неуспешна).

Доколку Купувачот добие потврда за успешно извршено плаќање, а производот не биде испорачан во предвидениот рок, Купувачот има право да поднесе писмен приговор преку контакт-адресата на Продавачот.

Кон приговорот, Купувачот е должен да приложи доказ за извршена уплата (потврда, трансакциски извод или сличен документ).

На сите рекламации, поплаки и приговори, Продавачот ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот.

10. Ограничување на одговорност

Продавачот не сноси одговорност за штета настаната како резултат на:
  • неправилна или несоодветна употреба на производите,
  • непочитување на упатствата за употреба,
  • технички прекини, привремена недостапност или грешки во работењето на веб-страницата.

Продавачот не одговара за доцнење или неисполнување на обврските доколку истото е предизвикано од околности надвор од негова контрола (виша сила, прекин во работењето на логистички партнери, технички проблеми и сл.), освен во случаи изрично предвидени со закон.

11. Заштита и сигурност на личните податоци

Продавачот се обврзува да ја почитува и заштитува приватноста и личните податоци на Купувачите и посетителите на веб-страницата www.k2lux.mk и да постапува со истите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и другите важечки позитивни прописи во Република Северна Македонија.

Личните податоци се собираат, обработуваат и користат исклучиво за цели поврзани со реализација на нарачките, извршување на договорниот однос, испорака на производите, комуникација со Купувачот и други законски дозволени цели.

При посетата на веб-страницата, Продавачот не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе истите, како што се:
  • регистрација или поднесување на нарачка,
  • комуникација преку контакт форми,
  • учество во анкети, промотивни или маркетинг активности,
  • поднесување барања за дополнителни информации.
     
Основните правила за собирање, обработка, користење и заштита на личните податоци се детално уредени во Политиката за приватност, која е јавно достапна и објавена на веб-страницата на Продавачот. Политиката за приватност претставува составен дел на овие Услови и правила.

Принципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за сите посетители и Купувачи на веб-страницата на Продавачот.

Продавачот не одговара за начинот на обработка на податоци на други веб-страници до кои може да се пристапи преку линкови поставени на веб-страницата.
 

12.Интелектуална сопственост

Содржината на веб-страницата (текстови, фотографии, логоа, дизајн) е сопственост на K2 Lux и не смее да се користи без претходна писмена согласност.

13. Измени на условите

Продавачот го задржува правото во секое време да ги измени овие Услови. Измените стапуваат на сила со нивно објавување на веб-страницата.

14. Контакт

За сите прашања и информации, корисниците можат да го контактираат Продавачот на:
k2lux2023@gmail.com / 071/243-777/ Корчуланска бр.3-4 Ресен